Инстаграм ќе известува за „скриншотите“: Има ли причина за паника по овој новитет?
На Инстаграм овие денови владее вистинска мала паника! Имено, многумина објавуваат фотографии на кои се гледа дека оваа социјална мрежа забележува кога некој ќе направи „скриншот“! Како што може да се види на фотографиите, доколку направите „скриншот“ на „приказната“ која ви испратиле во „ДМ“, таа личност ќе биде известена за тоа!
Ова навистина загрижи многу корисници на оваа социјална мрежа кои велат прават над илјада „скриншоти“ секој месец и дека ќе плашат дека тоа повеќе нема да биде нивна тајна. Освен тоа, можеме да сушнеме и дека пораките сега не исчезнуваат откако ќе ги погледнете, односно затворите разговорите. Сепак, ништо од ова не е страшно како што изгледа.
Имено, Инстаграм веќе некое време го тестира својот Vanish Mode, по примерот на Snapchat. За почеток, тоа значи дека овој режим е достапен само на одреден број корисници, а можно е тука да влегуваат и македонските корисници. Сепак, како што кажавме, ова е само Mode, што значи дека нема потреба да го вклучувате.
За да може Vanish-от да биде активен, потребно е двата учесника во разговорот да се сложат, кога станува збор за тоа. Дури во тој случај, екранот ќе поцрни, а вие ќе добиете известување дека сте во Vanish Mode. Во тој случај, сите пораки ќе исчезнат откако ќе излезете од разговорот или овој режим. Значи, нема причина за страв доколку сакате да ја задржите својата анонимност кога се во прашање „скриншотите“, бидјеќи тоа нема да се случи додека не го дадете своето одобрување.
Како што пишува Bustle, Инстаграм тестира уште неколку „кул“ работи, па така ќе бидеме во можност да ги менуваме темите и боите во разговорот. Секако, кога ќе одберете некоја тема, неа ќе ја гледате само вие! Како и во случајот со Vanish Mode и овој новитет од септември е достапен само на ограничен број на корисници, но добрата вест е тоа што сите ќе ја добиеме.
Може да ве интересира: