Конечно дојде денот што го чекам долго време: Јутјуберот Лазаров си ја исполни животната желба по 2 години работа (ВИДЕО)

Конечно дојде денот што го чекам долго време: Јутјуберот Лазаров си ја исполни животната желба по 2 години работа (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Оваа година беше полна со настани за јутјуберот Стефан Лазаров. Постигна голем број успеси на професионално поле, но и на приватно. 

Бројот на следбеници на Јутјуб постојано му расте, а тука се и видеата кои имаат голем број прегледи. Едно кое особено се истакна оваа година, беше она во кое ја покрена хуманитарната акција за Неџат, момчето на кое му помогна да добие работа, место за живеење, поточно му помогна да добие нов живот.

Кога е неговиот приватен живот во прашање, еден од настаните кој ја одбележа оваа година е запросувањето. Имено, во септември јутјуберот ја запроси неговата долгогодишна девојка, но тука не завршуваат убавите настани за оваа година. 

Сега, Лазаров повторно со своите следбеници сподели една убава вест, кога е неговиот професионален живот во прашање, а пред да го објави на Јутјуб, сето тоа го најави на социјалната мрежа Инстаграм.

„Конечно дојде денот што го чекам долго време и го замислувам цел живот. Изминативе неколку месеци беа многу тешки за мене, но не дозволив ништо да се почувствува јавно... Но, како викаат, храбрите среќата ги прати, по така е и со мене... Сега веќе сѐ е готово и е време да дознаете сѐ... Не можам да ви се заблагодарам вистински, бидејќи ова што го постигнав за две и пол години кога почнував не го ни замислував.“ - напиша јутјуберот на своето стори на Инстаграм, а потоа додаде: 

„Фала им и на оние што ме исмеваа, го исмеваа јутјубет и сѐ уште сметатат дека ова што го работи не е професија... Дај боже уште долго да немам професија, ако е ваква“.

Инаку, во видеото на Јутјуб кое претходно го најави, Лазаров им откри на своите следбеници дека си има купено стан. На видеото се гледа дека на неговата среќа нема крај, а воедно го покажа и моментот кога неговите родители за првпат одат да го видат станот, кој сѐ уште е во градба.

Како изгледаше сето тоа, погледнете во продолжение:


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: