По неколку месеци во „илегала“, Бака Прасе се враќа во Србија: Тато се враќа дома (ФОТО)

По неколку месеци во „илегала“, Бака Прасе се враќа во Србија: Тато се враќа дома (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Богдан објави фотографија од аеродром...

Откако помина неколку месеци во Холандија, јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се враќа во Србија.

Богдан се огласи на Инстаграм, каде објави фотографии од аеродром, со описот: „Тато се враќа дома“.

Да потсетиме, Илиќ се повлече од сцената по смртта на јутјуберката Кика Ѓукиќ и крајот на врската со Ања Благојевиќ.

Богдан неодамна донесе одлука повторно да се врати на јавната сцена и тогаш за тоа ги извести своите следбеници на социјалните мрежи.

„Едноставно не знам што да кажам.... Можам слободна да кажам дека ова беше најтешкиот период во мојот живот, знаете веќе зошто. Но, вие... Иако не снимав, еве скоро 5 месеци, вие, институцијата... вие не ме напуштивте. Не само што не ме напуштивте, туку институцијата продолжи да расте“ - наведе тогаш јутјуберот и додаде:

„Не снимав, а вие ми покажавте колку сме силни, колку ме сакате и колку ви недостасувам. Поминавме 2 милиони, иако не снимав. Првиот јутјубер на Балканот со преку 2 милиони! Не ни забележав, но кога го видов каналот, кој заедно го изградивме, од нула, дека стигнал до 2 милиони, емоциите ме совладаа и знаев дека повеќе не можам да издржам без Јутјуб, без секојдневното семеење и секако без вас“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: