Пред една година бев никој: Како Чарли Ди Амелио го прослави успехот?
Чарли Ди Амелио некако се извади откако изгуби голем број следбеници на ТикТок, па сега стигна до бројка од дури 100 милиони! Сето ова звучи неверојатно кога знаеме дека има само 16 години, како и дека своето прво видео го стави пред нешто повеќе од една година.
„Стигнав до 100 милиони на ТикТок“ - рече таа во својот Инстаграм лајв, пренесува E! Online. „Јас не знам како да реагирам, најмногу поради тоа што сево ова не ми изгледа реално. Како луѓето воопшто реагираат на ова? Јас навистина не знам што да направам. Во тоалет сум и ги гледам уредувањата на Твитер, затоа што плачам од нив. Толку сум збунета. Мојот живот не изгледа реално.“
„Толку е чудно да се помисли дека пред нешто помалку од една година бев во Конектикат и одев во редовно училиште и не правев ништо. Сега сум во Лос Анџелес и имам најдобри пријатели. Да не беше вирусот, ќе направев 100 милиони средби со обожавателите, но тоа е невозможно.“ Злобните јазици ќе кажат дека Чарли тешко би стигнала до оваа бројка доколку не беше пандемија - бидејќи, ТикТок од оваа година стана енормно популарен.
Сепак, Чарли сега има многу пари од кои се труди да им помогне на другите, па така веќе даде 100.000 долари на една фондација која таа сума ќе ја распредили на десет училишта за танц ширум Америка. „Доколку ме познавате, тогаш знаете и дека танцувам цел живот и сум среќна што на некој начин можам да му возвратам на општеството кое ме научи на она што сум. Вие не знаете колку сето ова е лудо за мене, ви благодарам.“
Ние искрено се надеваме дека Чарли ќе продолжи во овој стил - премногу млади ѕвезди се расипаа од Холивуд и во потполност се уништија. Сто милиони следбеници е потполно луда бројка за некој толку млад и во исто време може да биде и среќа и несреќа.