Се надевам дека ќе помине без сериозни последици: Марио Арангеловски позитивен на Ковид - 19
Познатиот пејач и јутјубер, Марио Арангеловска денеска на својот Инстаграм профил ги извести своите пријатели и обожаватели дека е позитивен на Ковид - 19.
Тој посочи дека состојбата постојано му варира, но и дека се надевам дека сево ова ќе го надмине без никакви последици.
„Добро утро, добри луѓе. Чувствувам морална обврска да споделам со вас дека сум ПОЗИТИВЕН на Covid-19. Веќе шест дена сум во изолација поради контакт со позитивно лице (татко ми), со тоа што, дента кога тој ги доби позитивните резултати, кај мене се појавиа првите симптоми. Не би сакал да зборувам за тоа како се чувствувам, оти состојбата варира, но, се надевам дека се ќе помине без сериозни последици. Чувајте се.“ - напиша во својата објава.
Инаку, Марио во моментов е актуелен по своето учество во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, каде што освен членовите на жирито, ја освојува и публиката ширум Балканот.
Може да ве интересира:
Криво ми е бидејќи последните денови од одморот ми завршија во изолација: Ивона Јо за борбата со коронавирусотДобивав коментари дека ме платиле за да лажам: ТикТокерот Давор Арџиќ за коронавирусот