Што правеа македонските ѕвездички за Денот на вљубените?

Што правеа македонските ѕвездички за Денот на вљубените?

Објавена во: Stars // Музика

14 февруари, односот Свети Валентин или Денот на вљубените секоја година се повеќе добива на значење и го привлекува вниманието на оние кои се во пар. Да, на оние заљубените. Овој ден сите си искажуваат неизмерна љубов, си подаруваат разни работи во симбол на љубовта... Но, не секогаш тоа е така.

Оние што се сингл често знаат да се забавуваат со пријателите или пак да смислат некоја интересна активност со која ќе ја победат тагата зошто на овој ден немаат партнер. 

Во продолжение ви направивме листа од тоа што правеа нашите млади ѕвездички на овој ден.

Започнуваме со Ања Ветерова. Таа се наоѓа преку океанот, каде што студира. Покрај селфито кое го сподели на Инстаграм овој ден напиша: „Нетфликс ќе биде мојот состанок за Валентајн“, а за тој состанок се одлучи на неа домира розевата боја.

Лина Пејовска се одлучи за забава, а новите ефекти на Инстаграм ги искористи за да дознае што да очекува за Денот на вљубените. Инстаграм и одговори: „Ќе си купиш чоколади на самата себе“, а доколку би ја слушале оваа апликација значи дека Лина ќе биде уште малку сингл.

Антониа Гиговска која е во голема љубов со пејачот Иван Јованов, за овој ден откри само дека ќе гостува во една емисија на МРТ. Прославувањето на Денот на вљубените Антониа и Иван го задржаа за себе.

Младата Мартија Станојковиќ, која минатиот месец прослави половина година со момчето е убедливо најзаљубена. Освен подарокот кој го доби, таа на Денот на вљубените се одмараше во еден спа центар.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: