Сите ја очекуваат венчавката на векот: Бекамови ја организираа во тајност - шок за јавноста

Сите ја очекуваат венчавката на векот: Бекамови ја организираа во тајност - шок за јавноста

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Наследникот на фудбалерот Дејвид Бекам беше виден среде бел ден со прстен на раката кој многу потсетува на бурма, а ова не е првпат некој да помисли дека Бруклин одамна „стапнал на лудиот камен“.

Многумина со нетрпение го очекуваат денот кога Викторија и Дејвид ќе направат свечена прослава и венчавка за нивниот син Бруклин. Наследникот го доби својот благослов минатата година, кога реши да се вери со неговата избраничка Николa Пелц. Сепак, тамошната јавност веќе има големи сомнежи дека помладиот Бекам одамна го кажал судбоносното „да“ и дека нема да има ништо од големата венчавка.

Бруклин најпрво изненади со фотографија на која држи златна панделка заедно со својата вереница, а потоа истите гласини ги започна со тетоважа со љубовно писмо на својот врат.


Овој пат, среде бел ден во Лос Анџелес, беше виден со прстен кој премногу потсетува на венчален прстен, а бидејќи беше облечен во црно, парчето накит привлече големо внимание. Младиот пар не се огласи на оваа тема во јавноста, како и славните родители, кои, наводно, сè уште во голема мерка се подготвуваат за прославата за роднини и пријатели.


Фото: Инстаграм/brooklynbeckham/

Можеби ќе ве интересира:

За семеен ручек со детаљ во вредност на автомобил: Викторија Бекам со чанта од 15.500 евра

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: