Сите се прашуваат: Дали Чарли Ди Амелио масовно ги купи следбениците на ТикТок?

Сите се прашуваат: Дали Чарли Ди Амелио масовно ги купи следбениците на ТикТок?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Чарли Ди Амелио брзо се опорави по скандалот и дојде до бројка од 100 милиони следбеници, но сѐ повеќе луѓе ја шират информацијата дека многу од нив се лажни! Првите сомнежи се појавија на еден профил, но потоа и на други почнаа да укажуваат на некои нелогичности.

Девојката по име Ешли објави видео во кое укажува дека некој се наведува како следбеник на профилот на Чарли, а всушност не ја следи. Како што се испостави, таа личност следи само два профили, а ниту еден од нив не е оној на Чарли. „Погледнете ја листата на нејзините следбеници, а некои всушност и не ја следат. Како може да се објасни тоа?“ - наведе таа.

@kissmyasshleyy

Charli getting canceled for no reason rn abt this snail stuff BUT look @ her followers & some aren’t following her. Who can explain  ##fyp ##charli

original sound - ash

Веднаш се јавија и други корисници на ТикТок кои почнаа да наведуваат дека Чарли масовно купувала лажни профили, а како доказ го наведуваат тоа што нејзините видеа имаат само по пет милиони прегледи, иако од неодамна ја следат 100 милиони луѓе. Други наведуваат дека е чудно тоа што таа во еден ден изгуби милион следбеници, а веќе следниот ден наеднаш доби два нови милиони.

Друг корисник на ТикТок, по име Хенри Оуанг влезе во подлабока анализа, па забележа дека секој минута, Чарли има еден краток период кога добива голем број следбеници. Интересно е тоа што тој подоцна го избриша ова видео и дури исто како Ешли изјави дека тоа не се доказе дека Чарли навистина купува следбеници. Многумина мислат дека тие двајца се едноставно замолчени.

Чарли сѐ уште нема ништо изјавено, но затоа нејзиниот тим тврди дека во ништо од ова нема вистина. Како што се наведува, младата ѕвезда ниту било кој друг од нејзиното семејство никогаш не купувал лажни следбеници. Секако, прашање е дали некогаш ќе дознаеме кој ја зборува вистината!


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: