Збор по збор - песна: Битолските матуранти со креативно „карантинско“ видео

Збор по збор - песна: Битолските матуранти со креативно „карантинско“ видео

Објавена во: Совети // School zone

Во време кога сите матурски прослави се откажани заради пандемијата предизвикана од коронавирусот, матурантите од СОУ „Јосип Броз - Тито“ од Битола, ја покажаа својата креативност преку едно интересно видео, кое ќе ја одбележи нивната матура. 

Тие предизвикани од битолската продукција Дрим Каст, во домашни услови снимаа видео со своите мобилни, каде задача им беше да кажат по еден збор кој случајно ќе им текне. Но, освен зборови, матурантите снимаа и звуци од предмети што им беа на дофат, а со тоа се дополни и аранжманот на самата песна.

Иако се снимаа сами до самиот крај немаа идеа што ги очекува. Дрим Каст во соработка со Гимел студио од Битола, ги искористи нивните видеа за да создаде кавер на популарната песна од Billie Eilish - Bad Guy. 

Покрај објавеното видео од Дрим Каст продукција напишаа: „Покрај ситуацијата со коронавирусот, во домашни услови, успеавме да снимиме една „наша“ песна која со случајно нафрлени зборови снимени во кратки видеа со мобилен телефон, малку „Cubase“ и малку „Adobe Premiere“ звучи вака:“


Неда Маретиќ

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: