Дали Кардашијанките имаат уште еден брат? Кој е Кирби Џенер и зошто дури сега слушаме за него?

Дали Кардашијанките имаат уште еден брат? Кој е Кирби Џенер и зошто дури сега слушаме за него?

Објавена во: Совети // Семејство

А, мислевме дека знаеме апсолутно сѐ за ова познато семејство...

Изгледа дека и не сме во „чекор со Кардашијан“, бидејќи првпат слушаме на Кирби Џенер, а на Инстаграм го следат милиони. Не може да се одрече дека кланот Кардашијан е составен од веројатно најславните личности на светот. Дури и личностите кои не се обожаватели може да набројат барем три членови од ова познато семејство.

Големите обожаватели ќе знаат дека Кендал и Кајли ги имаат полубраќата Брендон и Броди од страна на татко им, но ретко кој слушнал за Кирби Џенер, кој себе се нарекува „брат близнак“ со Кендал Џенер. Меѓутоа, семејството Кардашијан го прикажува секој дел од својот живот во многу познатата програма, па веруваме дека кога - тогаш ќе дознаевме дека мајка им Крис родила близнаци, поради што знаеме дека ова не може да биде вистина. Но, за што станува збор?

Кирби Џенер е личност која пред неколку години откри дека е многу талентирана во фотошоп и од тоа досега добро заработува. Имено, Кирби Џенер отвори профил на Инстаграм во кој се фотошопира самиот себе во фотографиите на семејството Кардашијан. Фотографиите се толку реални и хумористични што Кирби набрзо стана многу популарен на оваа социјална мрежа. До крајот на 2016 година имаше над 500 илјади следбеници, а моментално бројката е зголемена на повеќе од 11,4 милиони. Кирби со своите способности за фотошоп успеа виртуелно да стане дел од моментите на семејството Кардашијан, па така беше на многу црвени килими, семејни дружења, снимања и ВИП забави.

Растот на неговата популарност му донесе и можност да работа -своја сопствена емисија. Во оваа пародија на познатата серија „Keeping up with the Kardashians“ се појавуваат и вистинските членови на семејството, што не не чуди со оглед на тоа дека извршни продуценти на оваа емисија се Крис и Кендал Џенер. Серијата премиерно се прикажа оваа година, а може да се најде на стриминг платформата Quibi. 


Веруваме дека се прашувате кое е неговото вистинско име, но за жал по толку години интернетска слава, таа информација уште не се појави во јавноста, па вистинскиот индентитет на Кирби засега останува уште една добро чувана тајна на семејството Кардашијан.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: