Ќерката на Карлеуша воодушеви со стајлингот: Сокри сѐ околу себе, но еден детаљ не успеа

Ќерката на Карлеуша воодушеви со стајлингот: Сокри сѐ околу себе, но еден детаљ не успеа

Објавена во: Мода // Moj стил

Ќерката на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, Атина Тошиќ, воодушеви со својот најнов стајлинг, а иако замагли сѐ околу себе, еден детаљ не успеа да го сокрие.

Атина позира во шарена маица над која носи син дуксер, кој е спуштен на едното рамо, тексас шорц и бели патики со сини детали. Нејзиниот стајлинг, судејќи по коментарите, им се допадна на многумина, па велат дека е многу модерен.

Фотографијата ја направи во семејната куќа, но сите детали околу себе ги замагли, меѓутоа во позадина јасно се гледа еден од нивните домашни миленици, поточно црниот померанец кој ретко може да се види. Покрај померанецот, тие имаат и две мачки.

„Совршено изгледаш“, „Како барбика си, деовјче“, „Копија на мама“, „Оваа девојка има многу повеќе стил од половина естрада“, „Се гледа од кој го има наследено одличниот стил“, „Прекрасна си Атина“ - се само некои од коментарите кои ѝ ги оставија нејзините следбеници покрај фотографијата.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: