Прво огласување на Анѓела и Наѓа откако го напуштија својот татко: Сите се прашуваат што ќе откријат

Прво огласување на Анѓела и Наѓа откако го напуштија својот татко: Сите се прашуваат што ќе откријат

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Во своето прво огласување на социјалните мрежи најавија видео во кое, најверојатно, ќе открија што сѐ се случилово нивното семејство...

Пред скоро еден месец како бомба одекна веста дека популарните јутјуберки Анѓела и Наѓа Ѓорѓевиќ исчезнале, а сега се огласија за првпат.

Имено, за нивното „исчезнување“ преку социјалните мрежи извести нивниот вознемирен татко, Зоран Ѓорѓевиќ, и изрази загриженост поради тоа што не му се јавуваат, како и дека телефоните им се исклучени.

Сестрите беа пронајдени со својата мајка и братучетка Марија, а дека потрагата е завршена, повторно извести нивниот татко Зоран, кој истакна дека семејството го напуштило и дека не сакаат да живеат со него.

Анѓела и Наѓа сега за првпат се огласија на социјалните мрежи и најавија видео во кое, најверојатно ќе откријат што сѐ се случило во нивното семејство.

„Ново видео во недела“ - напиша кратко Анѓела.

„По малку подолга пауза се враќаме на обврските и работата“ - потоа напиша Наѓа.

За потсетување, Анѓела и Наѓа се девојки од Пожаревац, кои живеат во Париз и кои доминираат на балканската Јутјуб сцена, а успехот им дојде вртоглаво. Судејќи по порталот „socialblade.com“, тие месечно до Јутјуб инкасираат најмалку 5.000 долари.

Само неколку дена пред мистериозното исчезнување, Анѓела со своите следбеници се пожали дека пред својата куќа видела непознат маж кој ја надгледувал.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: