Биди ЖЕНА во вистинска смисла на зборот, работи го она што го сакаш, биди со оној кој го сакаш и зборувај директно: Моника Пеичева за „Жена со панталони“
На почетокот на месец декември се одржа 24-тата Ораторска вечер „Иво Пухан“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Во конкуренција од 14 говори, само 8 влегоа во финалето. Осумте оратори, на чело со нивните говори се бореа за една од четирите награди, а оние четири кои останаа без нив, не загубиле - туку само добиле мотив плус за следната година да бидат уште подобри.
Последниот говор, кој ќе имате можност да го прочитате на Хаштаг е говорот на Моника Пеичева, која воедно го освои првото место на оваа ораторска вечер. Таа e петта година на мастер студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Моника говореше за „Жена со панталони“, а нејзиниот говор може да го прочитате во продолжение:
Секогаш кога говорам јавно имам многу трема. Велат дека првата реченица во секој говор е најтешка. Во секој случај, таа е веќе зад мене. Се најдов заглавена со прашањето: која тема е соодветна за почеток на еден ваков амбициозен говор.
Дали веднаш да се адресирам на прашањата како родова дискриминација, идентитет, системски бариери? Дали да започнам со критика или позитивни примери?
Феминистка сум! Верувам во еднаквост, солидарност и независност.
Сакам што сум жена, дури и во овој машки свет. После се, мажите не можат да носат фустани, но ние можеме да носиме панталони!
Не гледам еднаквост, гледам дискриминација. Еднаквоста јас ја гледам во борбата за еднакви права.
Дискриминацијата не е само македонски проблем, туку светски. Жената е потиснувана со векови, а денес е поинаква. Таа е симбол на сите семејни вредности. Темел. Се вложува себе си 100 проценти во сите улоги.
Еднаквоста е гарантирана со Уставот. Доколку би имало санкции компаниите би внимавале колкаво би било учевството на жената во менаџерските позиции. Значи тука треба да се подигне јавната свест. Жената треба да им пркоси на стереотипите и на предрасудите. Статистиката вели дека жените се пообразовани од мажите, но за 3 пати помалку се на раководни позиции. Според истражувањето кое го направи невладината организација Реaктор, 59% од дипломираните студенти се жени, исто толкав процент се магистри на науки, 57 отсто доктори на науки, но 75 проценти од работодавците се мажи. За поголема вклученост на жените, неопходно да се напушти традиционалниот модел, каде од жената се очекува да биде само домаќинка.
Дали имаме сопница??? Имаме!!! Дури на исти работни позиции жените земаат помала плата. Немаме еднаквост, немаме баланс, немаме рамноправност, особено сега во ИТ секторот кога треба да вработат млада жена која треба да оди на породилно се пропаѓа во вода. Не од аспект на феминизам, туку од аспект на економски критериуми го велам ова. Еден словенeчки амбасадор вели: „Жени, знаете што? Вие сте 50% женска популација, а половина ја создавате“.
Дури 70% од здраствените работници ширум светот се жени, но само 25% од лидерските позиции им припаѓаат на жените.
Стериеотипи постојат и за вклученост на жените во политиката. Освен што во Собранието, каде законски е утврдено 30% од народните избраници да бидат жени. Се прашувате ли и вие, колку жени на функција има во Република Македонија? Колку градоначалнички жени има? Колку министерки? Колку прататенички? Колку претседателки на партии?
Само две, само четири, само 39% и само нула претседателки на партии. Со ваква распределба јасно се воочува обратно пропорционалниот однос на процентот на жените спрема моќта на позицијата.
СРАМОТА! За каква подобра иднина ни зборувате?
Кај нас драги мои, многу нешта се труло дрво. Краткорочни мерки не не спасуваат од голготата во која се наоѓаме со години.
Потсетете се себеси кои сте, што ве засмејува, кое хоби сте го занемариле? Што Ве обликува да станете жена која сакате да бидете? Малку ги истражував примерите од личното опкружување. Малубројни се паровите во кои момчето не е исфрустрирано и кога способностите на девојчето не ги гледа како лична препрека, конкуренција и напад на своето его.
Сакам да зборуваме за душата. Вистината. Магијата. Борбата. Љубовта.
Да отфрлиме се што не гуши, да станеме отпорни од „перење на мозоци“, толерирање на непотребни работи, токсичност...
Нашите соништа и визии мора да бидат на прво место. Секогаш. Заборавете го зборот „ТРЕБА“. Откријте ја магијата и поделете ја со светот. Не се согласувајте на полу-живот.
Мој совет: Биди ЖЕНА во вистинска смисла на зборот! Работи го она што го сакаш! Биди со оној кој го сакаш! Зборувај директно. И не исправај криви дрини!!!
ACTA, NON VERBA!!!
фото: Правен факултет
Може да ве интересира:
„Тоа што го твориме во овој век ќе го обликува и наредниот“: Савче Ѓошева „За изгубените вредности“„Дајте државата нека им помогне на нашите луѓе“: Дамјан Стоименовски „За лицата со посебни потреби“
Нашиот реален општествен пејзаж е насликан и обоен со празни библиотеки и читални: Сара Нешкоска за „Книгите – некогаш главна атракција, сега, заборавена дестинација“
Нашиот глас е подеднакво важен, а многу поискрен: Марија Додовска „Во името на право...“
„Младите сакаат само да избегнат долго чекање низ ходниците на бугарската амбасада“: Марио Јаневски „За европЦките вредности“