Агнеса ќе се раздели од својата постара ќерка: Вивиен замина да студира во Словенија (ФОТО)

Агнеса ќе се раздели од својата постара ќерка: Вивиен замина да студира во Словенија (ФОТО)

Објавена во: Совети // School zone

Агнеса Органџиева важи за една од најпознатите инфлуенсерки на Инстаграм, каде има повеќе од 100.000 следбеници. На професионален план таа е дипломиран правник, додека на приватен е мајка на две ќерки - Вивиен и Тифани.

Откако, кон крајот на мај, Агнеса откри дека нејзината постара ќерка е матурантка, сега откри и каде нејзината наследничка ќе го продолжи своето високо образование.

Имено, Вивиен ќе студира на Универзитетот во Нова Горица, Словенија. Гордата мајка сподели фотографии од првата посета во Словенија.

Како родител, Агнеса не го криеше воодушевувањето од пристапот на вработите во универзитетот и од топлото добредојде, па така со своите следбеници го сподели своето искуството.

„Ги запознав професорите, секретарот на универзитетот, ректорот на универзитетот и не можев да верува колку се сите дружељубиви, колку топло добредојде имавме, како пречек, каква насмевка дури сите имаат. Истите не однесоа на ручек со големо задоволство“ - напиша гордата мајка на стори на Инстаграм, каде тој пристап го спореди со оној во нашата држава.

Инаку, Вивиен заврши во средното медицинско училиште „д-р Панче Караѓозов“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: